Пораки за телефонска секретарка.

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

default Пораки за телефонска секретарка.

Пишување by the_plake on Чет Мар 29 2007, 07:53

1. Aло? Ало? Ве молам погласно, ништо не ве слушам...(мала пауза). Ма се зезам, ова е телефонската секретарка, оставете порака.

2. Здраво. Телефонската секретарка на Јован е расипана. Јас сум неговиот фрижидер. Ве молам зборете побавно да можам да ја запишам пораката и потоа да си ја закачам на себе.

3. Здраво. Јас сум секретарката на Златко. А ти кој си?

4. Здраво. Ај сега ти кажи нешто.

5. Здраво. Не сум моментално дома, но мојата секретарка е, па додворувај и се на неа.

6. Добар ден. Доколку оставите порака ќе ви се јавам набргу. Доколку оставите секси порака, ќе ви се јавам уште побргу.

7. Најверојатно сум дома, но се кријам од досадни и луѓе кои не ми се допаѓаат. Оставете порака и ако не ви се јавам - тогаш тоа сте вие.

8. Жал ми е што не можам да се јавам во моментов. Оставете порака и обавезно чекајте цело време до вашиот телефон се додека не се вратам и не ви се јавам.

9. Здраво. Вие сте се повеќе и повеќе заморени. Се чувствувате поспано. Постепено ја губите вољата и способноста да се спротивставувате на сугестиите. Кога ќе го чуете звучниот сигнал, ќе почувствувате неодолива потреба да го оставите вашето име, бројот на телефон и порака.

10. Здраво. Ги добивте Сашо и Соња. Не можеме да ви се јавиме во моментот бидејќи ја правиме нашата омилена работа. Соња сака да го прави тоа горе-доле, а јас сакам странично лево-десно, онака...полека. Значи, оставете ја вашата порака. Кога Соња и јас ќе завршиме со миењето на забите, ќе ви се јавиме.

11. Добар ден. Го добивте ТFX-1000 Voice Blackmail System, систем за уценување со глас. Вашиот глас ќе биде дигитално обработен и мемориран за подоцнежна употреба. Кога ќе го направиме тоа, нашиот компјутер ќе биде во состојба да направи илјадници телефонски повици кон граѓани кои ќе бидат повикувани од телефонскиот именик. Вашиот глас ќе биде употребен исклучиво за неморални цели и за изнудување пари од истите граѓани. Меѓутоа, постои можност да го откупите вашиот гласовен запис. Нас ни е сеедно од кого ќе изнудиме пари, а на вас ви е важно да ги избегнете законските санкции. Затоа, контактирајте не и во иднина. Фала.
avatar
the_plake
Член во развој

Male
Број на мислења : 70
Registration date : 2007-03-21

Преглед на профилот на членот http://www.r-i-p.on.to/

Вратете се на почетокот Go down

default Re: Пораки за телефонска секретарка.

Пишување by LeKi on Пет Апр 06 2007, 15:48

prvoto e najdobro
avatar
LeKi
Администратор
Администратор

Male
Број на мислења : 1098
Age : 23
Локација : Куманово
Registration date : 2006-10-13

Преглед на профилот на членот http://macedonia.editboard.com

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот