Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Запознајте ја Eclyse!

Go down

Запознајте ја Eclyse! Empty Запознајте ја Eclyse!

Пишување by LeKi Чет Јун 28 2007, 15:04

Запознајте ја Eclyse! Sps_zapoznajte-go-eclyse
Едногодишниот зеброид е главна атракција во германскиот сафари-парк. На прв поглед може да се каже кои му се родителите. Од својот род, потомок на коњ и зебра, се разликува по изгледот и по неговиот карактер.

Иако изгледа како "фарбан" коњ, не станува збор за никаков човечки акт, туку чудо на природата. Eclyse е зеброид, потомок на коњ и зебра.

Нејзин татко е зебра, а мајка кобила, и таа е жив доказ дека детето ги наследува гените на своите родители.

Едногодишниот мелез е случаен продукт - летна романса. Нејзините родители се запознале кога нејзината мајка Eclipse била преместена од сафари-паркот во Германија на еден ранч во Италија за да добие малку одмор.

Таму можела слободно да лута заедно со другите коњи и многу зебри, вклучувајќи го и Ulysses, кој очигледно многу и се допаднал.

Кога се вратила во Германија ги изненадила сопствениците со своето малечко. Малиот зеброид бил именуван според имињата на неговите родители.

Благодарение на шарите на телото Eclyse станала главна атракција во сафари-паркот во Schloss Holte Stukenbrock, во близината на Холандската граница.

"На прв поглед ќе видите дека станува збор за мелез, а во однесувањето покажува карактеристики и на двата родителa" - кажува портпаролот на паркот.

"Обично се однесува како коњ, но понекогаш ја покажува и својата бунтовничка страна која ја наследила од својот татко".

Коњите и зебрите обично се парат во Африка и служат за превоз преку планините
Запознајте ја Eclyse! Zapoznajte-go-eclyse-01
LeKi
LeKi
Администратор
Администратор

Male
Број на мислења : 1098
Age : 30
Локација : Куманово
Registration date : 2006-10-13

https://macedonia.editboard.com

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот