Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Џорџија (2) е една од најпаметните во светот

2 posters

Go down

Џорџија (2) е една од најпаметните во светот Empty Џорџија (2) е една од најпаметните во светот

Пишување by LeKi Пет Јун 22 2007, 23:56

Џорџија (2) е една од најпаметните во светот
Џорџија (2) е една од најпаметните во светот Sps_georgija-genij
Девојката со измерен коефициент на интелегенција 152 колку што има и генијот Стивен Хокинг и уште 0,2 проценти луѓе на земјата. Таа е најмлад член на "Менс" на сите времиња.

Џорџија Браун (2) од Хемпшир во Британија разбирливо изговара зборови, логички заклучува, брои, ги разликува боите и нивните нијанси. Најмала од петте деца на семејството Браун на пет месеци почнала да лази, на девет проодела, набрзо и самата се облекувала, проговорила порано, а на 18 месеци водела нормални разговори.

Таа би рекла: "Здраво. Јас сум Џорџија. Имам една година." Исто така знаела да облече обувки, точно да ги облече левата и десната и да ги заврзе - кажува нејзината горда мајка Луси Браун.

Тогаш мислеле дека Џорџија е бистро дете кое нејзините постари браќа и сестри ја забавуваат и ја учат на се и сешто. Но извонредната интелегенција на девојчето не можеле да ја игнорираат.

- Го гледавме "Убавицата и Ѕверот". Таа се сврте кон мене и кон нејзиниот татко Мартин и re~e: "Не ми се допадна Гастон (лик од цртанот). Тој е лош и арогантен" - вели нејзината мајка која набрзо ја однела на специјалист за едукативна психологија.

Тестирањата прилагодени на нејзината возраст ги запрепастиле експертите. Утврдено е дека има коефициент на интелегенција 152 како физичарот Стивен Хокинг, а просечен човек има околу 100. Според коефициентот на интелегенција спаѓа меѓу 0,2 проценти од светската популација. Зачленета е во "Менс" која ги собира луѓето кои се наоѓаат помеѓу оние 2 проценти најинтелегенти во светот.

- На прв поглед сфатив дека ги промислува своите одговори, a на некои прашања одговараше и повеќе отколку што беше потребено за одлична оценка. Со рака може да нацрта совршен круг, да разликува црвена од розова боја, што на многу деца им успева дури откако ќе тргнат на училиште - кажува професорот по психологија Џон Фримен.

- Таа не знае дека е попаметна од останатите. Си игра, прави вообичаени детски глупости, се забавува со своите постари браќа и сестри кои ги развиваат нејзините способности - вели семејството Браун.

Само 30 членови во историјата на "Менс" станале nejzini членovi пред 10 години од живот.
LeKi
LeKi
Администратор
Администратор

Male
Број на мислења : 1098
Age : 30
Локација : Куманово
Registration date : 2006-10-13

https://macedonia.editboard.com

Вратете се на почетокот Go down

Џорџија (2) е една од најпаметните во светот Empty Re: Џорџија (2) е една од најпаметните во светот

Пишување by psytrip Саб Јун 23 2007, 13:42

но комент
psytrip
psytrip
LUD_Tin3jDj3r

Број на мислења : 15
Registration date : 2007-06-21

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот