Зависник од гласна музика
Зависник од гласна музика
Додека некои се зависни од работа или цигари, Роџер Тулгрин е зависен од хеви метал. Така гласи службената дијагноза на неговото пореметување, на чија сметка добил погодности на работното место.
Швеѓанинот Роџер Тулгрин е метал-зависник. Всушност, неговата љубов (сега веќе зависност) од метал-музиката целосно го завзела неговиот живот. Ова ретко пореметување има дури и свое стручно име, т.е. личност зависна од слушање на музика се вика "мошахолик".
Остарениот рокер само оваа година бил на повеќе 300 концерти, што се одразило и на неговата секојдневна работа.
Но, разузданиот старец не дочекал отказ, туку добил компензација со бенефиции, зошто му е дијагностициран хендикеп.
"Во обзир дека хеви металот така силно дејствува на сите апсекти нa неговиот живот, службата за вработување одлучила да покрие половина од неговата плата. А за да му помогне, неговото работно место да биде поудобно, добил посебно одобрување за слушање гласна музика."
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот
|
|