КОЈ Е КОЈ НА ФАКУЛТЕТ?

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

default КОЈ Е КОЈ НА ФАКУЛТЕТ?

Пишување by the_plake on Чет Мар 29 2007, 07:56

*Студент - млада, а полнолетна, значи контроверзна личност, кого го лажеле дека ќе успее во животот доколку учи. Иако не верува во тоа, се труди што помалку да учи, а што повеќе да успее.

*Студентка - тоа ти е нешто исто како студент, само многу поубаво во летниот семестар.

*Асистент приправник - дезориентирана млада личност со изразени мазохистички склоности. Не сака да си оди од градот во кој дипломирал и затоа себе се става на маки. Очекува сожалување од повисоки инстанци, што на овие не им паѓа ни на крај памет.

*Асистент со магистратура - слично како и асистент приправник. Има склоност кон лесните дроги и често наоѓа заеднички јазик со студентите.

*Асистент со докторат - зрела личност со високо образование, а ниска интелигенција. Нестрпливо се турка во наредната категорија, а незнае што го чека таму. Прилично издржлив тип.

*Доцент - митско суштество, ниту човек, ниту професор. Личност која прифаќа за помалку пари да работи дупло повеќе од професор. Премногу е стар за да емигрира, ги сака студентите и со радост ги бутка.

*Вонреден професор - прилично редовна појава со намалени физички способности. сака контакти со студенти и со радост се сеќава на нив. Почнува да таложи пари и морално е најмалку стабилен.

*Редовен професор - материјално стабилна личност од највисок универзитетски ранг. Зборува неколку странски јазици кои никогаш не ги слушнал, што докажува дека знае се. Пишува книги кои застареле пред 10 години и се гордее со нив. Нема контакти со студентите, освен привидни.

*Продекан - лице од последна или претпоследна категорија кое заспива броејќи ги имињата на претходните продекани. Сака нешто да промени, но не знае што, ниту како.

*Декан - највисок чиновник одговорен за нередот на сите претходни категории.
avatar
the_plake
Член во развој

Male
Број на мислења : 70
Registration date : 2007-03-21

Преглед на профилот на членот http://www.r-i-p.on.to/

Вратете се на почетокот Go down

default Re: КОЈ Е КОЈ НА ФАКУЛТЕТ?

Пишување by LeKi on Пон Jул 02 2007, 13:35

Ти го пишуваше или направи copy paste
avatar
LeKi
Администратор
Администратор

Male
Број на мислења : 1098
Age : 23
Локација : Куманово
Registration date : 2006-10-13

Преглед на профилот на членот http://macedonia.editboard.com

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот