MAK RAP!

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

default MAK RAP!

Пишување by MA4OR aka BiG M on Саб Мај 05 2007, 19:50

-Македонија
и хип-хопот се две многу различни нешта од социолошко-историска гледна
точка. Доколку ги земеме почетоците на хип-хопот во САД кон крајот на
седумдесетите години на дваесеттиот век и ги споредиме со Македонските
седумдесетти, ќе добиеме една комична ситуација и слика за
неразвиеноста на македонската музика воопшто.
Дали можеме да
зборуваме за развој на овој музички правец кај нас, кој во светот е
проучуван како специфична култура? Се сомневам во тоа.

Досега никој не се зафатил со подетално изучување на зборот култура, но
онаа урбана култура која ќе придонесе за давање на конечен изглед на
хип-хопот, мислам на графитите по метроата, на брајкденс натпреварите,
па потоа на субурбаните услови на живеење, до она најлошото-појавата на
сламовите. Што од ова наброено го има Македонија како земја? Дали може
тогаш да стане накаков збор за урбани центри во оваа држава, освен
Скопје, кој нагло се развива за сметка на внатрешноста.


-Од андерграунд движење, хип-хопот при крајот на 90 години на 20
век, стана меинстрим. Почетоците во Македонија ги бележи во раните
деведесетти, но опфаќа стриктно одредена група луѓе, мала по број, која
меѓусебно се познаваше, ако не лично, тогаш по облеката ( како што кажа
еден пријател: ако тогаш ставеше капче на глава, мора да беше рапер ).
Денес, глобализацијата направи веќе да не е можна таква строга
класификација. А сепак, нивото на негово претставување остана на ниски
гранки кога станува збор за нашата земја. Дали една од причините за тоа
е што многумина не ги имаат сфатено пораките што ги носи овој музички
правец? Или пак, како што погоре беше споменато, се должи на (не)
урбанизираноста на просторот. Важат и двете причини.*


-Медиумската промоција и презентација на хип-хоп музиката се
сведува на неколку имиња, кои попрво би ги сврстиле во поп музиката,
отколку како рап артисти. Имињата не се битни, битно е колку нашите
новинари немаат основно познавање од областа на хип-хопот како музичка
гранка, а уште помалку како посебна култура на неколку стотици
македонски приврзаници кон овој начин на живот. Реков стотици, бидејќи
бројката на оние што се идентификуваат со овој правец не ја поминува
границата од илјада. Можеби требаше да кажам, десетици.

Значи, медиумски нема стручни лица и новинари кои постојано и
објeктивно ќе известуваат за македонската рап сцена. Доколку се појават
и некои такви, тогаш, нивното интересирање и знаење е на минимални
гранки.

Емисии и медиуми кои го обработувале хип-хопот ги има неколку, меѓутоа
најзначајна и највлијателна е Црна хроника на V.G., која егзистираше
единаесетина години на радио брановите, од 1991 година до 2002 година,
најпрво на Канал 103, па сосем краток период и на Sity радио.

Покрај оваа емисија, на радијата се појавија уште неколку такви кои го
немаа влијанието на Црната Хроника и кои траеја пократок временски
период.

Од телевизијата остана за забележување Хип-хоп теза на Пикисипи, која
се појави во 1997 година (во склоп на емисијата COOL), и се емитуваше
од јануари до септември, еднаш неделно.



-Создавањето на македонски рап започна со основањето на неколкуте групи
кои се појавија кон крајот на 80-те години на 20 век и почетокот на
90-те. Временски, тоа е периодот кога Македонија ја стекнуваше својата
независност, кризата во КПЈ и формирањето на преку 119 политички парии,
потоа растежот на либерализмот, односно зголеменото влијание на САД.
Како се почуствуваа сите овие настани врз созревањето на можноста за
формирање на рап групи, дотогаш непознат збор во нашиот речник.
Најпрво, ако се знае дека доминантна беше фолк музиката, тогаш првите
обиди за воспоставување на некаква основа за рап култура беа скоро
невозможни. Информациите поврзани со тој вид на музика се црпеа преку
МТВ, или преку шопинг во блискиот Солун. Во музичките продавници не
постоеја хип-хоп албуми, но доколку се случеше такво нешто, принципот
на добивање беше преснимен материјал на касета, а потоа тоа се ширеше
од човек на човек преку рака.



-Првите две поголеми групи што успеаја да привлечат и да создадат своја
публика беа Чиста околина и The Most wanted, вклучувајќи ги Инстант
бит. Првите беа соединение на неколку помали бендови кои во 1992 го
добија својот конечен лик, а вторите беа бројно помалку и со
експлицитен начин на изразување. Уличен ритам се вметнаа меѓу нив по
своето постоење и квалитет. Издавањето на албуми одеше уште потешко, но
благодарение на упорноста се појавија неколку касетни изданија, да не
ги заборавиме и Прљава средина, кои исто така се појавија во тие
кругови.

Тоа го нарекувам првиот бран.



-Во продолжение се појавија многубројни демо групи и поединци, кои
создадоа по неколку траки, што по својот квалитет немаа многу да кажат,
но придонесоа за квантитативно зголемување на македонската хип-хоп
продукција, а во тој момент тоа беше најважно, ако не и неопходно за
што поголемо популаризирање на рапот.

Потоа следуваше појавата на САФ, Темната страна, Против сите, Дилери на
рими, потоа ПУКА Козметика, Армадата, ДНС, Чалдисаните, Човекот X,
Браќа по крв, The Е, Легијата, и др. да не ги набројуваме сите. Звукот
беше подигнат на повисоко ниво, на old scool школата како да и се
подзатворија вратите, се снимаше на поквалитетна опрема.



-Последниот период го подредувам кон крајот на стариот и почетокот на
новиот милениум, за жал, кога во светот веќе одамна беше прифатено
постоењето на хип-хоп културата и го живееше својот живот, дури тогаш
кај нас срамежливо започна да се промовира идејата за македонската
хип-хоп сцена. Влијанието кое се претрпе по појавата на Еминем, сакале
тоа да го признаеме или не, беше од огромно значење за афирмирање на
хип-хоп културата пошироко, велам пошироко, бидејќи и претходно
постоеше некаква сцена што ја сочинуваа претходно наброените групи.

Веќе се работеше во пристојни студија каде што мoжеше да се извади
мошне квалитетен звук, наспроти текстовите и продукциите, кои во голема
мера останаа исти, односно недозволиво неквалитетни. Секогаш и
секаде-исклучоци.



-Следното нешто на кое ќе се навратиме е концертот на САФ на Скопскиот
саем во 2001 година. Присутни околу 2000 луѓе, а причина плус да се
биде таму беше најавеното доаѓање на најдобрите нови артисти за 1992
година, американското дуо DAS EFX.

Од другите гостувања само ќе ги споменеме на Grand Agent и појавата на Coolio во Скопје.

ДЈ гостувања имаше повеќе: DJ Fu, DJ Randevu, DJ Devious, DJ Stancho, Dj Ron Phlatine, DJ Phat Phillie, Dj K’ Paw, DJ 279.



-Уште потешко одеше кога станува збор за видео записите, односно
спотовите. Тука ќе бидат наведени некои од нив, но не хронолошки и не
по азбучен ред.

* САФ-Сафари; Раце горе.

* Клан Исток-Кој е кој; Пријател; Од Скопје до Софија; заедно со ПУКА Козметика-Рапери во криза и Песна од душа.

* Соло-Градот убав.

* Да Џака Накот-Армагедон.

* Изданијата на Mic-d-vice во кои тој рецитира на англиски

* Урбана димензија-Фанатик и др..

* а оние неколку неквалитетни работи што се појавија ваму-таму нема да ги набројуваме.



Главен центар каде се случуваат најголем број од настаните е Скопје. И
по бројот на жители и по урбанизираноста на просторот, тоа е местото од
каде се прелеваат сите позначајни збиднувања низ Републиката. Долго
време беше и единственото место каде што имаше хип-хоп сцена, но потоа
ширум државата никнаа неколку центри кои дадао квалитетни производи.
Пред се, тоа се однесува на Штип, каде се појавија многубројни групи:
Чалдисаните, Како браќа, Психо тим, Рибарски, Егзекутори, No exit, Луѓе
у бело, Вербал, Троен пакт, Скандал, Тријада, Да бе да, итн. Од
Струмица се појавија Triple S, Третата дивизија, потоа Раптори од
Куманово, Засекогаш на своето од Св. Николе, Bitola Crew, П.С.К од
Прилеп, Геноцид и Подземје од Тетово, Непознатите од Велес и др.
Одвреме навреме се организираат настапи, кои се добра можност за
понатамошно ширење на хип-хопот и надвор од Скопје.



Клубските настани денес не се толкава реткост како порано. Во неколку
дискотеки низ Скопје се пушта хип-хоп, каде што љубителите на оваа
музика можат да го слушнат посакуваниот звук, но сепак во некоја мека
форма, понекогаш незадоволително и недозволиво за такви вечери.

Пони беше едно од местата каде што од 1995/96 започнаа Free style
забавите. Тука е и С.Ф., потоа Хавана во Градскиот парк, Копакабана,
Лидо, Underground, Гејт. Тоа беа местата каде што организирано можеше
да се слушне рап, а потоа продолжи на повисоко ниво во Елемент.

Токму на таквите забави се стекнуваше искуство за настап и рецитирање
во живо, се занемаруваше тремата со поддршка на пријателите, и се
вежбаше говорната вештина.



- Едни од позначајните настани кога станува збор за гостувања надвор од
Македонија и поголеми концерти се веќе споменатиот на САФ на Саем,
Street Expresion во Словенија 2002 и Балканскиот хип хоп фестивал во
Софија , потоа настапот на Да Џака Накот на Таксират 2002 година,
Темната Страна во Пловдив, Скопје виа Софија како предгрупа на RZA од
Wu Tang Clan, Кланот Исток и ПУКА Козметика на Балкан хип-хоп фест., и
како предгрупи на концертот на Jeru the Damaja, 2004 година во Софија.

Она што е карактеристично за настапите на домашната сцена е
малубројноста на присутните, за разлика од фестивалските збиднувања
кога своја шанса имаат и хип-хоп артистите да се појават пред неколку
илјадна публика со свој настап, покрај другите групи. За соло концерт
што ќе привлече толку внимание и публика не може да стане збор.
Значајна е Полноќната миса на Аго која за жал, не успеа да стане
традиционална.



Женски хип-хоп артисти и групи нема. Она што може да се смета како
такво се служи во почетокот на 90те, кога имаше еден таков случај, а е
поврзан со името на Ена Веко, и остана на тоа.

Појавата на здружението Temple of hip hop, може да повлијае кон
квалитативно издигнување на културата, но само доколку правилно се
насочат и фокусираат неговите членови. Исто така, оваа организација се
појавува и како издавач на фанзинот ПРФ уличен блинг.

За ширењето и зголемувањето на сцената, покрај претходно наброените
групи и артисти заслуга имаат и Единствена опција, Големиот мал човек,
НАФАЛ, Таз Алхемичарот, Тец, STR 2, Скарфејс, ЕСЕ, Вербален терор,
Ремс, RiP, С.В.П., Стиховен калибар, Морбидна реалност, Црна тачка,
Парадокс, RONIN, Oriental Bland, Скипи, Коска, MVP, Reality, Камени
мост и др.



Можностите на македонската сцена можат да се подобрат и зголемат само
со организирано дејствување, но тоа е малку потешко, со оглед на
поделбите кои владеат помеѓу одредени кругови и оние бифови
Исток-Запад, кои како да се пресликани од САД.















avatar
MA4OR aka BiG M
Учесник во дискусија

Male
Број на мислења : 252
Локација : STRICTLY UNDERGROUND
Registration date : 2007-05-05

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

default Re: MAK RAP!

Пишување by LeKi on Вто Јан 22 2008, 13:26

не слушам многу рап
avatar
LeKi
Администратор
Администратор

Male
Број на мислења : 1098
Age : 23
Локација : Куманово
Registration date : 2006-10-13

Преглед на профилот на членот http://macedonia.editboard.com

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот