Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Автомобилите во GTA 4

Go down

Автомобилите во GTA 4 Empty Автомобилите во GTA 4

Пишување by LeKi Чет Мај 22 2008, 22:33

Автомобилите во GTA 4


































Мал
вовед во новата игра која ги собори сите рекорди. По само една недела
од објавувањето, играта успеа да направи профит од 500 милиони долари.
Возилата и нивните кражби отсекогаш биле во центарот на забавата.
Единствено што недостасуваше во GTA 3 беше оригиналноста на возилата,
која подоцна беше исправена во Grand Turismo и Project Gotham Racing.
Но, задоволство е да објавиме дека возилата во новата GTA 4 се голем
дел од играта, нивните возни карактеристики се блиску со реалните и
штетите при удари се повеќе видливи, со што уживањето е поголемо, а
возењето е позабавно. Можете да возите брзо колку што сакате, да се
удирате, да не внимавате на пешаците...
Еве дел од возилата кои можат да се видат:
Huntley Sport
Huntley беше 4х4 во постарата верзија на GTA и одлично е што остана и
во оваа верзија. Многу наликува на Range Rover Sport, но тоа е само
случајност. Со големите тркала е одлично возило за навигација и движење
низ Liberty City. Најдобрата опција е пукање од MP5 пиштол однапред за
плашење на непријателите.
Автомобилите во GTA 4 Gta4_1
PMP 600
Името на возилото е доста интересно, иако тоа е базирано на Chrusler
300C. Со неговите мали странични прозорци и големите тркала е многу
интересно за управување. Перформансите се исти како во претходната
верзија, а намената му е за возење во ноќни часови, средби со
криминалните структури и договарање зделки.
Автомобилите во GTA 4 Gta4_2
Полициско возило
Полициските возила во претходните изданија на играта некако беа
потценети и третирани како досадни. Но, во новото издание тие се брзи и
можат да издржат големи оштетувања пред да откажат или експлодираат.
Најкористеното полициско возило во САД е Ford Crown Victoria според кое
е изработен и моделот во играта.
Автомобилите во GTA 4 Gta4_3
Такси
Уште едно потценето возило во претходите изданија. Има слични
карактеристики како полициското, со таа разлика што е помалку
забележливо и лесно се вклопува во градскиот метеж. Има одлично
управување и задоволувачка брзина. Многу се корисни за повторување на
мисијата набрзина и лесно излегување од градот.
Автомобилите во GTA 4 Gta4_4
Oracle
Возило инспирирано и базирано на BMW 7 серијата. Се наоѓа најчесто во
луксузни салони и треба да се украде, но ризикот се исплати. Има голема
брзина и е доста практично при ограбување на банки.
Автомобилите во GTA 4 Gta4_5
FIB Buffalo
Одговор на Liberty City на реалниот FBI. Изданието Vice City имаше
опција да ги измамите FIB, но во оваа игра тоа е оневозможено. Возилото
има многу агресивен изглед, особено со сино-црвените светла кои се
сокриени под маската и се доста дискретни. Базирано е на Dodge Charger
и е доста брзо.
Автомобилите во GTA 4 Gta4_6
Comet & Super Comet
Едно од најбрзите возила во минатите изданија си го задржа својот
тренд. Базиран на Porsche 911 од ерата на 80-тите. Но, за поголема
забава ке мора да се потрудите да го добиете на поклон Super моделот
кој е многу побрз и изгледа подобро. Движејки се од Bohan до Algonium
островот, на страната на Bohan треба да се развие голема брзина и
возилото ке полета, над метежот кој чека на семафор. Ако ја промашите
проценката ќе слетате со сериозна несреќа.
Автомобилите во GTA 4 Gta4_7
Cavalcade
И оние кои не се фанови на 4х4 во реалниот живот ке ги засакаат во GTA
4, особено ако сте љубители за правење мешаници. Можете да удирате
возила, или да возите обратно по авто-пат. Инспириран од Cadillac
Escalade, неговата најдобра намена е развиете доволна брзина и со
минимално оштетување ке ги поминете сите полициски блокади на патот.
Автомобилите во GTA 4 Gta4_8
Sabre GT
Ниту едно издание на GTA не го заборава овај модел. Уникатниот стар
muscle стил останува и во ова издание. Копија на Buick Gran Sport GSX
од 1970 има доста реални карактеристики со оригиналот. Одлично држење
на патот и голема крајна брзина. Атрактивно пролизгување на задниот
дел, особено ако се подигне рачната сопирачка.
Автомобилите во GTA 4 Gta4_9
Спортски трки
Најновиот додаток во играта е одржувањето на трки на улиците на Liberty
City кога по нив има сообраќај. Многу од возилата од минатите изданија
се повторно воведени како Banshee и Infernus кои се слични со
Lamborgini Gallardo. Новина се: Super GT возилото кое е слично со Aston
Martin DB9, Corquete или реално Corvette и Sentinel кое е BMW M3,
Turismo што наликува на Ferrari 355 и еден куп други.
Автомобилите во GTA 4 Gta4_10
LeKi
LeKi
Администратор
Администратор

Male
Број на мислења : 1098
Age : 30
Локација : Куманово
Registration date : 2006-10-13

https://macedonia.editboard.com

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот