Гоце или Тито?
3 posters
Гоце или Тито?
Гоце или Тито?
Вчера беше 4 Мај. На вчерашен ден се умрени две личности од огромен историски калибар, чие влијание во македонската историја е многу значајно. Едниот е Гоце Делчев, а другиот Јосип Броз Тито.
Гоце Делчев е роден во Кукуш, на 04. 02. 1872. Татко му Никола бил меанџија и припаѓал на ситната македонска буржоазија, која тогаш била во раѓање. Гоце уште во најраното детство се видело дека е "по книгата". Во училиште се дружел со деца од најразлична националност, било да се Македонци, Турци или други, но нетрпел неправди, па така често бил казнуван, со тепање или со глоби кои ги плаќал татко му. По завршувањето на основното, го продолжил образованието во Солун, во гимназијата Св. Кирил и Методиј. Таму се зачленил во средношколскиот револуционерен кружок, а подоцна станал и негов водач. Дека Делчев бил патриот и по дело а не само на вилица се гледа по една негова постапка на роденденот на султанот. Имено, на приредбата што се одржувала во училиштето, каде што биле присутни сите градски авторитети, кога сите ученици требало да викаат "Да живее", Гоце викнал "Долу". Што би се рекло со денешен јазик, Делчев имал бабачко мадиња. По завршувањето на гимназијата, Делчев отишол во Софија, во тамошното воено училиште, не дека сакал да стане бугарски офицер, туку да го научи она што требало да го примени на терен за Македонија. Иако таму се соочувал со најразлични национал-шовинистички навреди и провокации, тој останал таму се до крајот, подготвувајќи се за револуција. Факултетската управа, неможејќи да му најде било што друго, при крајот на школувањето, го избркала заради организирање револуционерна дејност. Тоа на Гоце му олеснило, бидејќи и онака мислел да даде оставка по дипломирањето. Се вратил во Македонија, во Штип, како учител. Есента 1894, првиот ден од неговото доаѓање, го запознал Даме Груев, кој го зачленил во веќе формираната Македонска Револуционерна Организација. Иако седиштето на организацијата била во Солун, под дејство на Делчев и Груев, Штип станал вистинскиот центар на движењето. Делчев направил и мрежа во сите околни градови и села. Ревносно се борел против туѓите пропаганди во градот, убедувајќи го населението дека е македонско, а не нешто друго. Станал доста сомнителен за Турците, па морал да биде испратен за Солун. Во 1896 на првиот конгрес на организацијата, Делчев заедно со Ѓорче Петров, го напишал новиот устав на организацијата, исправајќи некои грешки, и истовремено менувајќи го името на организацијата во Тајна Македонско Одринска Револуционерна Организација. На конгресот се одлучило Делчев и Петров да бидат испратени во Софија како задгранични претставници на ТМОРО. Познато е дека тие двајца несакале да примаат материјална помош од ЦК, туку самите да се финансираат, на тој начин заштедувајќи што е можно повеќе за делото. Во Софија вршеле повеќе работи. Ја снабдувале организацијата со материјални средства, со оружје ( Делчев особено се усовршил во набавката на оружје ), со револуционерни материјали итн. Придобивале Македонци кон организацијата, контактирале со странци укажувајќи им ја состојбата во Македонија, но најважно биле брана од бугарската пропаганда кон Македонија. Тие дури во одредени моменти ја свртеле и ВМК на своја страна, добивајќи од нив значителни средства. Гоце Делчев честопати одел во обиколки низ Македонија и поминал низ скоро сите градови. Тој бил народен човек, не се срамел од простите неписмени селани, туку напротив, им помагал така што ги советувал, укажувајќи им за националната самобитност на Македонците и за претстојното ослободување. Гоце честопати и сам учествувал во акциите. Заедно со подредените грабнувале бегови, напаѓале турски чети, учествувал во неколку бобмолеарници, бил и селски судија итн. Во 1901 им завршил мандатот на Делчев и Петров во Софија, па Гоце се концентрирал исклучиво на револуционерна дејност во Македонија. Тој создал најмногу чети, користејќи го своето образование. Гоце за цело време од младоста имал тешки болки во стомакот, но тоа воопшто не го поколебало во дејноста. Тој не бил женет. Како што самиот изјавувал, негова жена била Македонија. Гоце имал цврст карактер, посветен на тоа што го работел. Не се оптоварувал со минорни, секојдневни или лични проблеми. Така, еден ден до него стигнала веста дека еден од неговите браќа загинал во битка со турскиот аскер. Гоце само прашал: Се држеше ли храбро? Турските власти донеле неколку смртни пресуди против Делчев, но тој воопшто не се плашел. Во јануари 1903, на конгресот во Солун ТМОРО донело одлука да се крене востание. Делчев остро се спротивставил на идејата, сметајќи дека тоа е прерано. Тој предупредувал дека движењето е сеуште слабо и дека поради тоа можно е востанието да заврши неуспешно. Со тоа би се мултиплицирале пропагандите на Бугарите, Грците и Србите во Македонија, а како краен резултат би била поделбата на Македонија. Времето го потврдило визионерството на Делчев. По конгресот, тој се упатил кон Серскиот револуционерен округ, за да ги убеди тамошните револуционери да го одложат востанието. На обиколката низ округот, во село Баница, на 4 Мај, загинал во борба со турскиот аскер, а предаден од врховистите.
Јосип Броз е роден на 25 Мај во Кумровец, денешна Р. Хрватска. Во подоцнежниот дел од животот на Тито, кога тој бил диктатор на СФРЈ, се напишани многу дела за неговото детство, но тие воопшто не се поткрепени со историски факти, па така ние незнаеме дали се точни. Единствено е точно дека во младоста Броз бил доста посветен на бркање жени. Во 1914 станува офицер во Австро-унгарската армија, инаку армија која била окупатор во неговата родна Хрватска, и е испратен на источниот фронт. По војната тој се наоѓа во Русија, каде што активно учествува во т.н. Октомвриска револуција. Значи додека во 1918/19 се создава Југославија ( Анте Трумбиќ & Co, Крфска декларација и сл. ), Броз се бори некаде по Сибири, Кавкази за нечие туѓо "ослободување". Во почетокот на 20-тите, Броз станува агент на Коминтерната, т.е. агент на СССР. Тој шета по европските метрополи, трошејќи ги комунистичките пари и живеејќи на висока нога. Во тој период тој станува и агент МИ-6, т.е. двоен агент, добро дриблајќи ги двете разузнавачки организации, се разбира, за добра пара. Се враќа во Југославија при крајот на 30-тите, преземајќи ја КПЈ со амин на Коминтерната. Со паѓањето под фашистичка окупација на Југославија, Тито конечно се решава да направи нешто добро за својот народ. Преземајќи ја тајната мрежа на КПЈ, што некој друг ја градел претходните 20 години, Тито го поведува народот кон ослободувањето ( демек да не беше тој, Југославија немаше да се ослободи ). Инаку, по ослободувањето, се исплетени многу приказни за храброста на Тито во битките кои се граничат со мистика и религиозност ( наводно, еднаш неговиот волчјак го спасил од граната, фрлајќи му се ). Сојузниците активно ги подржуваат партизаните, и со оружје и со совети, земајќи учество во секој позначајна битка ( како советници ). На 8 Септември 1943, Италија капитулира, па значајно голем дел од оружјето паѓа во партизански раце, како и огромен дел од територијата на западна Југославија. При крајот на војната советските сили ги ослободуваат Војводина и Белград. Во ноември 1944, македонскиот народ сам, без помош од другите делови на Југославија, ја ослободува Вардарска Македонија, но македонскита војска е спречена да ги ослободи и другите делови на Македонија. Всушност уште во 1941 е спречен обидот Македонскиот народ да се организира во сите делови на Македонија и да дејствува за независна Македонија ( а не како дел на Југославија ). Со помош на титовите верни слуги – Колишевски, Темпо, Чашуле и др. е тргнат Методи Шаторов – Шарло од движењето. Инаку Шарло имал повисок ранг од Тито во Коминтерната, понизок само од Ѓорѓи Димитров. Но како и да е, Македонскиот народ сам се ослободува, но наместо да оди на Солунски фронт, тој е пратен на Сремскиот фронт. Таму македонските и српските партизани јуришаат на германските митралези и илјадници од нив загинуваат, но сепак успеваат да ги ослободат Босна, Хрватска и Словенија ( со подршка од советските авиони ). Кога Трст нема да влезе во состав на Југославија, Тито ќе рече "Трст е наш", но никогаш во својот живот не рекол "Солун е наш". По ослободувањето, Тито јавнувајќи на подршката што ја имал од простите селанско-работнички маси, ја превзема власта во свои раце ( појава, позната во политичката теорија под името цезаристичка или бонапартистичка диктатура ). Уште во првите денови од превземањето на власта се отпочнува со доследно применување на диктатурата на пролетеријатот. Освен вистинските петоколонаши, се апсат сите оние кои биле некаков демократски проблесок и кои можеле да ја загрозат власта на КПЈ. Па така под обвинение дека се вмровци ( што има лошо во тоа? ), четници, усташи и сл. се апсат и убиваат илјадници луѓе. Некогаш се егзекутираат без судење, а ако има судење се користат средновековни доказни постапки ( на тој и тој ден обвинетиот носел германски чизми ). Пример за егзекутирање без судење се 53-те убиени велешани во јануари 1945. За да не го привлечат вниманието на околното население, "луѓето" на ОЗН-а не пукаат во невините луѓе, туку ги удираат со копачи и ги фрлаат во дупка ( обдукцијата пред 10 години покажа дека над половина од убиените биле закопани живи ). Во 1947, поради преполнување на сите можни затвори, Тито дава амин да се отвори концентрационен логор – надалеку познатиот Голи Оток. За условите таму нема да пишувам ( кој ја читал "Црно семе" или го гледал филмот знае за што се работи ). Во 1948 Тито му го кажува фамозното НЕ на Сталин. Всушност тоа не е никакво идеолошко разидување, туку само гола борба помеѓу двајца егоцентрични манијаци кој ќе биде главен во СФРЈ. Овој настан Тито го користи за да се пресмета со соперниците во партијата, обвинувајќи ги за наклонетост кон СССР, иако цел претходен живот тој е му служи на тој СССР. Во чистките посрадале илјадници Македонци, еве само да ги спомнеме: Шарло, Ченто, Павел Шатев, Панко Брашнаров, Пирузе, Венко Марковски, Методи Гогов ( подоцна г.г. Михаил ) итн итн. Тито нема мрднато со ниту еден прст за Македонија. Тој не се заложува да се припојат кон Македонија деловите под бугарско и албанско ропство, а уште помалку за Егејскиот дел. Всушност во Егејскиот дел Тито прво ги подржува грчките комунисти ( а не Македонците ) да направат граѓанска војна, а по раздружбата со Сталин ја запира сета помош, за да му покаже на Стали колку е моќен. И не само тоа, тој ги помага грчките монархисти, така што им дозволува да напаѓаат од Југословенска територија и не им дозволува на децата бегалци-егејци да дојдат во Вардарска Македонија. Во 1950 во Југославија се воведува општествено уредување што го нема никаде во светот ( да видите колку сме ние паметни ) наречено Самоуправен модел на општествена сопственост. Следуваат национализација и експропријација на имотите. По раздружбата со Сталин, Тито тајно се свртува кон запад, за во можната трета светска војна Југославија да застане на страната на НАТО. Глумењето комунистичка земја на надворешен план продолжува со создавањето на организацијата на неврзаните. Демек, не ги сакаме ни западот ни истокот ние сами на себе сме си доволни. Со други зборови – добар параван за продолжување на неоколонијалистичката политика на западот. На внатрешен план, Тито совршено ја применувал византиската политика и торијата на рамнотежа на силите, со една единствена цел тој да биде на врвот на пирамидата. Исто така, на надворешен план, освен досега спомнатото, Тито остварувал многу важни посети на монарсите и диктаторите од Третиот свет. Додека ревносно се спроведувала диктатурата на пролетеријатот, Тито и компањоните од земјата и од странство вовеле нова класа во историјата – класа што јас би ја нарекол комунистичка аристократија. Тој живеел во велелепните вили низ целата земја, имал повеќе средства на располагање од повеќето милионери низ светот, пушел пури што му ги испраќал другарот Кастро итн. Тито имал љубовници низ целиот свет, секаде каде што претстојувал подолго време. Се смета дека имал над 20-тина деца. Државна религија во Југославија била Титоизмот. Слики од Тито имало насекаде, се пееле песни, имало маршеви во негова чест, по него се именувани еден куп објекти, па дури и во секоја република имало град со неговото име. Во негово време е извршена и т.н. индустријализација на земјата, со кредити од "гнилиот запад", а на сметка на опустошување на селата. Во негово време немало невработеност, туку привремена работа во странство на милиони граѓани на Југославија. Во меѓувреме привремената работа стана трајна. Некои региони се развивани повеќе ( Словенија, Хрватска, Војводина ) на сметка на некои други ( Македонија, Косово, Црна Гора ). Доста биле разгранети и кодошките мрежи: КОС и ОЗН-а односно УДБ-а односно СДБ. Тито нив си ги користел секогаш кога ќе му спотребале.
Од овие двајца јас го избирам Гоце Делчев. А вие?

Re: Гоце или Тито?
Гоце !
MA4OR aka BiG M- Учесник во дискусија
-
Број на мислења : 252
Локација : STRICTLY UNDERGROUND
Registration date : 2007-05-05
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот