Macedonia во БИБЛИЈАТА
4 posters
Macedonia во БИБЛИЈАТА
МАКЕДОНЦИТЕ ВО
Б И Б Л И Ј А Т А
. . . Преку ноќта имаше Павле видение: стоеше пред него еден човек,
Македонец, кој го молеше и му велеше: „Премини во Македонија и помогни
ни !”
(Делата на Апостолите 16,9)
Кога пред многу години, како дете, чепкајќи по фиоките на мојот
татко, пронајдов една мала Библија - македонски превод на Новиот Завет,
детски заинтересирано ја отворив и меѓу првите текстови кои ги
забележав беа зборовите на Македонецот упатени кон Aпостол Павле:
„Премини во Македонија и помогни ни!”.
Во тој миг, бидејки моето познавање за Библијата беше мало но,
сепак доволно да сфатам дека ова е стара книга, се прашав: Кој е овој
Македонец? Немајќи на ум ниту еден мој постар предок, си го замислив
дедо ми. Подоцна, кога моите сознанија за Библијата пораснаа, открив
дека сум имал многу „дедовци” во Библијата и како што неодамна некој ми
рече - Македонците после Евреите се еден од најспомнуваните народи во
Библијата! Затоа овој текст е посветен на тие храбри и одважни луѓе кои
со својата чесност и верност не задолжиле многу, не само нас
Македонците, туку и сиот свет, учејќи не како да го сочуваме и кај себе
и кај другите моралот, карактерот, и пред се достоинството.
* * *
За Македонија и прашањето за Македонците се пишувало многу. Ние
овојпат нема да навлегуваме длабоко во корените на историјата, туку
само ќе ја консултираме во моменти кога тоа е потребно. Овој текст ќе
ни открие што Библијата кажува за ова прашање, и со тоа ќе го дополниме
мозаикот кој полека се создава...
Библијата како извор
Најнапред, бидејки Библијата ќе ни биде основа за нашето
истражување, мораме да одвоиме неколку реда за самата Библија. Библија
или Свето Писмо е книга којашто е создавана 1600 години (од 1500
г.п.н.е. па сé до 100 г.н.е.). Таа претставува духовно-историско
наследство на Евреите и Христијаните: ”Цело Писмо е од Бога дадено” -
вели Апостолот Павле.
Светото Писмо (наречено уште и БИБЛИЈА) се состои од Стар Завет
(кој кај Евреите е нарекуван Закон и Пророци) и Нов Завет
(Евангелијата). Во Стариот Завет се содржани книги пишувани во Период
од 1 500 г.п.н.е. до 400 г.п.н.е. Во него се содржат книги кои ја
опишуваат историјата за постанокот на светот и Израелскиот народ, потоа
свети химни (Псалми), мудри изреки, поезија, и пророштва запишани од
пророците кои делувале во разни периоди од историјата на Израел. Некои
делови на Библијата биле пишувани и на Арамејски јазик - кој бил мошне
сроден на Еврејскиот.
Идејата дека Библијата е од Бога дадена не значи дека Светот Писмо
стигнало до човекот како готов производ. Теолозите се сложуваат дека
таа има божествено-човечки карактер, односно дека ”...светите Божји
луѓе зборувале просветувани од Светиот Дух”.
Кај нас, како граѓани на едно пост-комунистичко општество, сфаќањата за
Библијата кај многумина се погрешни и искривени, сметајќи дека е книга
полна со митови. Оваа појава влече корени уште од крајот на XVIII от и
почетокот на XIXот век, кога во научниот свет во Европа се појавила
таканаречената „висока критика”. Со појавата на новите научни
достигнувања и сознанија се отвориле нови можности за истражување и
испитување. Сите дотогашни класици (како Херодот, Јосиф Флавие,
Ксенофон и други) биле ставени под лупа на новите научни методи.
Секако, Библијата, како извор на поголемиот број сознанија за
христијанска Европа, не била заобиколена. Библиската критика имала за
цел да го истражува библискиот текст според рационални научни
критериуми. Биле испитувани личностите, обичаите, народите и настаните
кои се спомнуваат во неа, па така многу историчари ја оспориле
историската веродостојност на Библијата, сметајќи дека нема доволно
историско-археолошка потврда за нејзините тврдења. Тие сметале дека
сето тоа што е содржано во неа е само мит и дека обичаите кои се
спомнуваат во неа се надвор од рамките на времето во кое е опишан
настанот.
Така на пример, силно било оспорувано постоењето на Аврам,
почитуван од повеќе од половина на човештвото односно повеќе од три
милијарди луѓе (2 0000000 се Христијани, 1 200 0000 се Муслимани, а
околу 15 000 000 се Евреи). Понатаму, биле оспорувани Хетитите како
народ кои дотогаш биле спомнати само во Библијата и т.н. авторитетот на
Библијата бил сериозно разнишан.
Природно, Евреите и Христијаните ова го доживеале како директен напад
на нивната вера. Но, какви и да биле побудите и целите на литерарните
критичари, тие на почитувачите на Библијата им сториле услуга. По
дефиниција: ...„книжевниот историчар мора да биде и критичар, токму за
да биде историчар” зашто ”критичарот кој би се помирил со потполно
непознавање на историските односи постојано би застранувал во своите
проценки” (Рене Велек и Остин Ворен). Со други зборови, вистината не се
плаши од критика, а тоа набргу и се докажало.
После прашината што ја подигнала високата критика, на сцена
настапила археологијата, посебно Библиската археологија која со своите
научни методи и откритија на научниците им дала одговор на нивните
прашања и критики. За татко на Библиската археологија се смета William
F. Albright, на почетокот без позитивни намери кон Библијата, за
подоцна, одушевен од археолошките откритија да стане бранител на
Библијата - како веродостојна книга. Откопувањата и пронајдоците во
Библиските земји се ределе едни по други, а бројните експедиции се
враќале со нови сознанија за древното минато. Вредно е, накратко, да
споменеме некои од нив:
Во 1799 година војниците на Наполеон во Египет сосема случајно го
откриваат Каменот од Розета (наречен така по местото каде е пронајден).
На овој камен кој датира од 196 г.п.н.е. бил испишан текст на три
различни писма од страна на египетскиот фараон Птоломеј V од
Македонската династија. Едно од писмата било напишано, односно
издлабено, на египетското хиероглифско писмо, другото на египетско
дометско, а третото на Александровото ”коине” писмо - кое во
подоцнежните векови неправедно е нерекувано „старогрчко”. Ова бил
клучен пронајдок за археологијата затоа што сега лесно можело да се
спореди веќе познатото ”коине” писмо со дотогаш непознатите хиероглифи,
и на тој начин после макотрпен и долг научен труд на генијалецот
Шамполион, хиероглифите конечно биле дешифрирани.
Исто така, друг клучен момент е откривањето на тројазичниот натпис
на персискиот цар Дарие I, издлабен на една висока карпа во близина на
денешен Багдад (Ирак). Од овој натпис, благодарение на другите две веќе
познати писма, после 22 години е дешифрирано асирското клинесто писмо.
Сега бројните записи кои до тогаш стоеле како неми сведоци пред
научниот свет, одеднаш блеснале со полнина на своето сведоштво,
откривајќи го древниот свет како никогаш порано. Бројните хиероглифски
записи, а исто така и бројните плочки испишани со клинесто писмо меѓу
другото ги откриле и бројните настани, личности па дури и самите обичаи
кои биле спомнати дотогаш само во Библијата.
Понатаму, личноста на Аврам, за кого веќе споменавме погоре, била
потполно расветлена од страна на археологот L. Woollеy. Тој во периодот
од 1922 до 1932 година целосно го откопува градот Ур, кој Библијата го
споменува како „градот на Аврам” од каде Бог го повикал да излезе и да
ја насели Хананската замја - подоцна наречена Израил. Овој град до
тогаш не постоел во ниедна историографија или било кој археолошки пишан
документ, па затоа и било пребрзо заклучено дека тој не ни постоел, а
со тоа и дека Аврам бил измислен лик. Откритијата на Woollеy покажале
дека уште во 2000 г.п.н.е., токму во времето на Аврам, градот бил
напредна метропола. Тој имал правилно поставени булевари со луксузно
изградени куќи, најчесто на два спрата, а во нивната внатрешност
пронајдени се купатила со извонреден систем за канализација. Биле
ископани и училници со сочувани лекции од аритметика и граматика;
градот имал пишани закони и добро организиран судски систем, и бил
богат со архитектура, уметност, и разновидни занаети. Интересен е и
податокот дека е пронајдена табличка со испишано име Аврам. Со ова не
се тврди дека оваа таблица му припаѓала на лично на библискиот Аврам,
бидејќи потекнува од подоцна, но сепак, сведочат дека името било
користено како вообичено во тоа време (инаку според библиската
хронологија раѓањето на Аврам би било во 2170 г.п.н.е.).
Исто така, спомнатите долгооспорувани Хетити, набргу биле посведочени
во близината на Богазкој - денешна Турција, со откривањето на нивната
цивилизација.
И така се ределе бројните археолошки артефакти како глинените
плочки во Нузи, Амарна и Хамурабиевиот законик каде се запишани обичаи
кои се поистоветени со оние кои се запишани во Библијата; потоа
споменикот на фараонот Мернаптах на кој се спомнува името „Израел”.
Вредни се исто така и споменикот на Моавскиот крал Меша како и ваљакот
на кралот Кир кои спомнуваат исти настани кои ги спомнува и Библијата.
Тука е секако и епохалното откритие - Кумранските ракописи, кои на
Библијата целосно и го вратиле авторитетот, давајќи и епитет на
...”книга со најстари преписи”, кои споредени со нашите преводи денес,
немаат изгубено ништо од своето значење.
Да не заборавиме дека до денес откритијата не престанале, како на
пример посмртниот ковчег на Јаков - Христовиот брат, неодамна пронајден
во градот Ерусалим; или пак за пронајдените остатоци од египетските
кочии во длабочините на Црвеното Море кои се уште се предмет на
испитување.
Затоа, можеме слободно да заклучиме дека за нашето истражување
користиме книга со потврдена историска вредност. Секој од нас има
морална слобода ако сака да ги отфрли Библиските духовни вредности и
поуки, но не може да ја оспорува историската веродостојност и вредност
на Библијата. А згора не сето тоа, ако ја прифатиме и нејзината духовна
вредност односно Божественото потекло, сметам дека сознанијата кои ќе
ги исцрпиме на ова истражување ќе имаат полна и сериозна важност.

Re: Macedonia во БИБЛИЈАТА
ццц.. Ем Администратор ем постов ти е КРШ. Дај среди го гледаш дека имат премногу празни места...
xXx- Ново лице
- Број на мислења : 25
Registration date : 2007-06-17
Re: Macedonia во БИБЛИЈАТА
си имаш свој форум (тавчегравче) и средувај си го а овој јас ке си го средувам и како сакам така ке биде постот
Re: Macedonia во БИБЛИЈАТА
Еј ве молам без карање
мислам дека предлогот беше добар да биде помал постот кој ќе оди на лизгачот.
А ова копирано е или го препишуваше од библијата дека ми е познато тоа од дела на Апостолите.

fudbaler_2007- Ново лице
- Број на мислења : 21
Registration date : 2007-06-30
Re: Macedonia во БИБЛИЈАТА
не го ни прочитав ова погоре...ама го прочитав насловот, ја неам прочитано Библијата...а не ни планирам да ја читам
MA4OR aka BiG M- Учесник во дискусија
-
Број на мислења : 252
Локација : STRICTLY UNDERGROUND
Registration date : 2007-05-05
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот