Манчестер Сити доби премиер
Манчестер Сити доби премиер
Манчестер Сити доби премиер
Протераниот премиер на Тајланд, Таксин Шинаватра е новиот сопственик на Манчестер Сити, кој го купи клубот за 121,2 милиони евра и кој веднаш му го понуди тренерското место на Свен Горан Ериксон за 3,7 милиони евра годишно, јавуваат британските медиуми.
Шинаватра, инаку обвинет за корупција во Тајланд, ја потврди веста дека му предложил 3-годишен договор на Ериксон, кој во текот на претстојниот викенд мора да одлучи дали ќе ја прифати понудата. Медиумите откриваат дека првичниот избор на Таксин бил тренерот на Јувентус Клаудио Раниери, но сепак се одлучил за поранешниот тренер на англиската репрезентација.
”Имам слушано за неговите достигнувања во минатото и сфаќам зошто го критикуваат. Никој не е совршен, но се додека неговиот профил одговара на задачата, се додека е способен да ја изврши должноста и ја сака понудената работа, ја има мојата поддршка”, потенцирал новиот сопственик.
Ериксон се откажа од фудбалот по минатогодишниот неуспех на Светското првенство, но Шинаватра е подготвен да го врати во форма и да му понуди буџет за трансфери во висина од 74 милиони евра. Се претпоставува дека прв понуда за ангажман во Манчестер Сити ќе добие напаѓачот на Њукасл, Мајкл Овен.
Во план е новиот сопственик да го комплетира преземањето на клубот во текот на следните 3 недели, кога вкупната сума на неговата инвестиција ќе се зголеми на 193 милиони евра.

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот