Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Нега на тетоважите

2 posters

Go down

Нега на тетоважите Empty Нега на тетоважите

Пишување by Tattoo beauty Саб Jул 21 2007, 02:36

Како голем љубител на тетоважите а се надевам има и меѓу вас на форумот некои па ја отворив темава каде што се убаво и најбитно објаснив околу уметничкото боење на кожата - тетовирањетоVery Happy


Нега


3 часа после тетовирањето извадете ја фолијата(газата ) од тетоважата и
внимателно измијте ја при што да се отстрани непотребната боја и со
Gentamicin (антибиотска маст) треба убаво да се премачка.Ставајте во
мали количини за да не дојде до алергии од многу нанесување.

Следните 14 дена се користи (витаминска) рибна маст Јекодерм исто во мали количини и на секои 2 до 3 часа.

** Доколку не се нанесува правилно и редовно маст , вашата тетоважа ке фати коричка а може и полесно и побрзо да избледи!

Никако не смеете следните 2 месеци да ја изложувајте директно на сонце и да се бањате во река , езеро(нечиста вода)


** Корисно и убаво е после процесот на заздравување 10 да се
користи било каква крема за кожа со што вашата тетоважа ќе добие повеќе
сјај и полесно ќе ја поприми бојата


** Додека заздравува тетоважата не давајте да ве допира никој бидејќи можно е да дојде до некаква инфекција


** Доколку се тетовирате во летниот период користете млеко со најјак фактор при што истиот ќе помогне за да не ви изблеи


Дали тетовирањето е болно??

Во принцип болката зависи од местото на тетовирање но и до човекот
и неговиот организам.. Хормонот ендорфин покажано е дека помага во
намалувањето на бол и неудобност при што болакта би ја осетиле само
првите 5 мин(додека да се привикнете) .Хормонот едндорфин е поврзан со
“центрите за уживање во мозокот” па според тоа може да се каже дека
тетовирањетоможеда е зависност или самата тетоважа кај некои луѓе
ствара чуство на сексуално доживување.Можда болката произлегува од
нашето чуство на исчекување кое создава нервоза а со тоа и телото се
згрчува, во спротивно како што телото е се поопуштено толку и
тетовирањето станува побезболно.

Друга причина при што може да се чуствува болка е да тетовирачот е
непрофесионален и забодува повеќе од колку што е нормано(правилно) Нега на тетоважите Icon_lol


Пред тетовирањето


морате да го известите вашиот таттоо мајстор ако сте болни :
хемофилија(тешко засушување на крвта) хеморалгија(лесно појавување на
модрици), шеќерна болест,алергичност од јод,креми,метали, проблеми со
притисок,бременост(можни се проблемите со кожата,вртоглавици ,
неиздржливост, малаксаност)во овој случај консултацоија со матичен
лекар е исто така препорачлива. **Не смеете да сте гладни,
ненаспани(умор и недостаток на енергија може да предизвика нервоза и
,неконтролирано мрдање,зголемена осетливост и во некои случаеви можно е
и онесвестување,. Секако не смее да се користат било какви дроги,
алкохол 24 часа пред терминот, што во спротивно може само да предизвика
несакани реакции како што е крварење.

Како до мотив??

Кога ќе одбирате со што би сакале да си го украсите вашето тело,
пожелно е да сте најпрвин убаво информирани. Обично луѓето за прв пат
одбираат некои помали тетоважи и на поскриени места, но затоа ако се
решат пак на втора таа е дефинитино спротивна од првата. Најлесно и
најдобро е да се одлуќите за мотив кој лично се поврзува ( е својствен)
за вас!!Некој спомен, личност , настан.нешто што ви значи само на
вас!!Случајно избраните мотиви (набрзина) се обично лесно минливи за
вкусот, па можно е да се презаситите од таа тетоважа и да ви здосади а
какмо ли пак да сакате да ве обележува за целиот живот!! Правило на
тетовирање е и дека тетоважите се личен вкус!Ако денес се форсираат
некои стилови тоа незначи дека тие нема да се модерни или е глупаво да
ги ставите!!

ТЕТОВАЖИТЕ НЕ И СЕ ПОТТЧИНУВААТ НА МОДАТА ТИЕ СЕ ДОЖИВОТНИ!!


Во какво студио треба да се тетовирате??

Погледнете наоколу дали е студиото чисто , уредно дали има
стерилизатор каде што треба да е опремата соодветно стерилизирана. -
видете дали тубите се чисти(нема остаток на боја) и дали мајсторот носи
ракавици, битно е иглите да се нови( значи тие неможе да се
стерилизираат и се исклучиво за една употреба) ,побарајте или
осигурајте се за стручноста на мајсторот,може да најдете и некој од
улица што работи во домашни услови па да ви направи тетоважа со пониска
цена но затоа и квалитет!! Bидете ги неговите претходни изработки (
готови тетоважи)


НЕМОЈТЕ ДА СЕ ТЕТОВИРАТЕ ПОД НЕСТАНДАРДНИ УСЛОВИ!! МОЖДА КЕ ДОБЕТЕ ПОЕФТИНА ТЕТОВАЖА НО ВАШИОТ ЖИВОТ И ЗДРАВЈЕ НЕМА ЦЕНА!!


Отстранување на тетоважите


Најчесто прашање пред некој да сака да се истетовира или пак кога
не е задоволен од неговата тетоважа!! Многу дерматолози кажуваат дека
не е можно потполно нивно отстранување.Нивното вадење зависи од повеќе
фактори:


-големината , местото ,од организмот на човекот,од староста на
тетоважата, и од начинот на кој е изработена.На пример оние тетоважи
кој се професионално(правилно) изработени полесно и посигурно е дека ке
се извадат. Но со напредокот на технологијата се повеќе има современи и
посигурни методи за целосно отстранување.

** Со операција- се користи скалпер и раните се затвараат со завои
а во некои случаи кај што тетоважата е поголема се зема кожа од друг
дел на телото

**Со замрзнување на кожатаа(болен методможно е и крварење)

Ласерско отстранување :


Покрај овие начини денес се почесто , најсигурно и најбезболно е
ласерското отстранување.

Не дозволува крварење и несакани ефекти.Секое вадење е повеќе кратно .

Типот на ласер кој се користи зависи од бојата на самата тетоважа(најтешки за отстранување се

црвената и жолтата а најлесни се сината и црната)

Ласерите кои се користат за вадење на тетоважите имаат таканаречена Q-switching техника

која се состои од кратки импулси со висока енергија.


поздрав!!Cool


Последната промена е направена од на Пет Jул 27 2007, 13:58. Мислењето е променето 1 пати
Tattoo beauty
Tattoo beauty
Член во развој

Female
Број на мислења : 63
Age : 37
Локација : u studio za tetoviranje:))
Registration date : 2007-07-21

http://www.tattoo-passion.org

Вратете се на почетокот Go down

Нега на тетоважите Empty Re: Нега на тетоважите

Пишување by LeKi Саб Jул 21 2007, 18:01

UV флуоросцентни тетоважи
Нега на тетоважите Uvtattoo2
 


Реактивното UV мастило е одличен начин да направите тетоважа која никој не може да ја види, освен под UV флуоросцентно светло. Но, колку навистина е безбедна една ваква тетоважа?
Со оглед дека е одобрена од FDA, без никакво повратно дејство низ 10 години истражување, ова мастило е можеби најбезбедниот начин да се тетовирате.
Еве неколку факти:

- Не содржи фосфор
- Не е радио активно
- Не содржи EverGlow
- Не предизвикува рак
- Има одобрување од FDA како спректрално маркирање(тетоважа), пигмент кој е развиен за следење на животни и риби
- Флуросцентната боја е комплетно безбедна и не содржи канцерогени материи
- Вашата кожа ќе остане најнормална, а сепак ќе ја добиете посакуваната тетоважа
Нега на тетоважите Uvtattoo1


Последната промена е направена од на Чет Jул 26 2007, 17:28. Мислењето е променето 1 пати
LeKi
LeKi
Администратор
Администратор

Male
Број на мислења : 1098
Age : 30
Локација : Куманово
Registration date : 2006-10-13

https://macedonia.editboard.com

Вратете се на почетокот Go down

Нега на тетоважите Empty Re: Нега на тетоважите

Пишување by LeKi Саб Jул 21 2007, 18:05

Нега на тетоважите Tetovazha_jazikНа повидок е нова ноќна мора за родителите - "тетоважа" за на јазик!Новиот тренд е најнова иновација на индустријата за слатки. Преставени на саемот All Candy Expo во Чикаго, "тетоважите", слични на оние кои се пресликуваат на кожа, веќе се продаваат...

За 99 центи во пакетчето добивате 10 пресликувачи со различни пораки и вкусови, но се продаваат различни за девојчињата и за момчињата.

- Све се сведува на само-изразувањето на децата и наоѓање на "единствен" начин за тоа. На индустријата за слатки такво нешто и недостигаше - изјави Anthony Shurman, претцедател на Yosha! Enterprises.

Сепак заработката на индустријата за слатки од 100 милијарди долари годишно, фрла сомнеж во нејзините педагошки последици
Нега на тетоважите Tetovazha_jazik_1
LeKi
LeKi
Администратор
Администратор

Male
Број на мислења : 1098
Age : 30
Локација : Куманово
Registration date : 2006-10-13

https://macedonia.editboard.com

Вратете се на почетокот Go down

Нега на тетоважите Empty Re: Нега на тетоважите

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот